Сутерен.мк

Во меѓувреме, на шалтерот…

Страшно би сакала да си го организирам својот погреб. Како да го направам тоа?
Зрелост

Зрелост дарлинг, тоа е речиси, неизводливо. Од проста причина што бројноста на присутните на нечиј погреб, правопропоционално зависи од временските услови…

****

Имам чувство дека мојата другарка, која е сингл, е многу заинтересирана за мојот партнер. Всушност, сигурна сум дека има некакви намери со него иако, тој засега не покажува интерес. Сепак, би сакала да се заштитам.
Симка, 29

Симка дарлинг, дистанцирајте ја / дистанцирајте се од другарката – просторно и временски. Човек копнее само по она што го гледа…

****
Имам проблеми во сексот и имам проблем како да препознаам што е вистинска љубов? Ваше мислење по овие прашања?

Орхидеја Нерасцветана

Орхидеја Нерасцветана дарлинг, сексот е секогаш проблем – и кога го имаш и кога го немаш. Што се однесува до второто… Едно од „уверенијата“ за љубов би требало да е она, да се гледаш со очите на тој што те љуби, а чувството да ти е како всушност, да се вљубуваш сам во себе…

****

Се сомневам во се, па и во Бога. Во право ли сум?
Неверничка

Неверничка дарлинг, пристојна количина на сомнеж во се е здрава работа, но само будала му плука на Бога в лице…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *