Сутерен.мк

Зошто остануваме во заедница?

* Кога некој инвестира многу од своите емоции, труд и време во некој однос, тогаш нема лесно да се ослободи од истиот. Максимално ќе се труди таа инвестиција на крај да ја покаже како „исправна“. Кога некој пар зад себе има десет години брак, заедничка емотивна историја, две деца и заеднички недвижнини, многу потешко ќе одлучи да раскине од пар којшто има само заедничко куче или стан под кирија.

* Еден од партнерите е на раб да ја прекине врската, но другиот манипулативно успева да го натера да не го прави тоа. Ветувањата за тоа дека ќе се смени, па дури и оние кои повеќе пати биле прекршени, во комбинација со драматичните изјави на љубов или романтични гестови, се крајно празни и површни.

* „Зошто би прекинал врска кога и онака сум прилично сигурен дека за мене нема ништо подобро“. Ваквите изјави сигурно ви се познати. Лицата кои по природа се песимисти или нивната љубов тоа од нив го направила, едноставно не гледаат смисла во прекинување на нешто лошо за да добијат нешто „полошо“ од тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *