Сутерен.мк

Најлошите македонски јадења

Реномираниот портал за гастрономија, „Тејст атлас“, објави листа на најлошо рангирани македонски јадења, врз основа на оценките на корисниците на оваа страница.
На прво место меѓу најлошо рангираните јадења од Македонија е јадење кое многумина го сметаат за вистински деликатес – кукурек.

„Тејст атлас“ пишува дека кукурек е македонски јагнешки специјалитет кој се прави од плетени јагнешки црева. Процесот на правење на овој специјалитет од нула е доста макотрпен, па затоа многумина се одлучуваат да купат од месарница.

Традиционално, добро исчистениот и сварен кукурек се пече во земјена чинија заедно со сечкан лук, варени моркови, ловоров лист, суви листови нане, мешани зачини, зачини, вода, супа од месо и по желба вино за вкус. Запршката, која се состои од комбинација од брашно, пиперки, буковска пиперка и масло, се додава во јадењето за да се згусне сосот.

Второто место според „Тејст атлас“ го зазема чомлек.

На трето место е – компир манџа.

Во продолжение погледнете ја комплетната листа на 10 најлошо рангирани јадења од Македонија, кои добија најниска оценка во конкуренција со други македонски специјалитети на веб-страницата „Тејст атлас“.

1. Кукурек

2. Чомлек

3. Компир манџа

4. Качамак

5. Ширден

6. Слатко од диви смокви

7. Милиброд

8. Ѓомлезе

9. Полнети пиперки

10. Симит-погача

Рангирањето на храната на „Тејст атлас“ се заснова на оценките на публиката на оваа реномирана веб-страница, со низа механизми кои препознаваат вистински корисници. За списокот „10 најлошо оценети македонска храна“ до 16 март 2024 година, евидентирани се 2.224 оценки. Целта на рангирањето на „Тејст атлас“ е да промовира одлична локална храна, да влее гордост на традиционалните јадења и да разбуди љубопитност за јадењата што не сте ги пробале.

Од друга страна пак…

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *