Сутерен.мк

Потрага по чудовиштето од Лох Нес

Потрагата по чудовиштето од Лох Нес, кое се смета за најголем лов на Неси во повеќе од 50 години, трае во шкотските висорамнини во саботата и денеска со вклучување на стотици волонтери.

Стотици волонтери се пријавија да ги снимат природните – и сите невообичаени – сцени на езерото Лох Нес од видоковецот на копното.

Речиси 300 од нив се пријавиле за да ја следат потрагата во живо, која се одвива во саботата и денеска.

Приказните за чудовиштето постојат со векови, но поминаа 90 години од почетокот на модерниот мит за Неси.
Во април 1933 година, управителката на хотелот Алди Мекеј рекла дека видела суштество слично на кит во езерото.

За ова известувал локалниот весник „Инвернес курир“, а потоа уредникот Еван Барон предложил суштеството да се нарече „чудовиште“.

Хотелот сега е дом на Центарот Лох Нес, кој обезбедува информации и организира обиколки на езерото.

Оттогаш, мистеријата на Неси инспирираше книги, ТВ-емисии и филмови, како и одржување на профитабилната туристичка индустрија.

Потрагата викендов беше организирано од Центарот Лох Нес во Друмнадрочит и волонтерски истражувачки тим под називот „Истражување на Лох Нес“.

Над езерото, дронови со инфрацрвени камери произведуваат термални снимки, а под површината на езерото, хидрофон, еден вид подводен микрофон, снима звучни сигнали.

Организаторите рекле дека ова е најголемата потрага по чудовиштето откако Истражувачката канцеларија во Лох Нес во 1972 година спроведе студија која не го откри чудовиштето.

Во 2019 година, научниците рекоа дека суштествата за кои се смета дека се легендарното чудовиште од Лох Нес можеби се џиновски јагули.

Истражувачите од Нов Зеланд се обидоа да ги каталогизираат сите живи видови во езерото со издвојување на ДНК од примероци од водата.

По анализата, научниците го исклучија присуството на големи животни за кои се тврдеше дека се чудовишта.

Не се пронајдени докази за праисториски морско чудовиште наречено плезиосаур или голема риба како есетра.
Многумина веруваат дека „гледањата“ на чудовиштето се обични шеги или може да се објаснат со пловење на трупци или бранови од ветер, но легендата е благодатна за туризмот во живописниот регион на шкотските висорамнини.

Таквиот скептицизам не ги одврати волонтерите како Крег Галифри.

„Верувам дека постои нешто во езерото“, рекол тој, и дека е подготвен да прифати што и да е затоа што „мора да постои нешто што ги поттикнува шпекулациите“, објаснил Галифри.\

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *