Сутерен.мк

Спијте 9 часа, ако сте грди!

Прославената актерка Бети Вајт полни сто години на 17 јануари идната година! Добра причина да се потсетиме на нејзините совети за долг живот…
На прашањето, кога ќе оди во пензија, таа вели: „Сакам да работам и ќе престанам дури кога ќе престанат да ме прашуваат“. Бети вели дека нема тајна формула за долговечноста и дека е само благословена со добро здравје. Таа никогаш не ги крши своите правила: спие осум часа, никогаш не појадува, а за ручек понекогаш јаде сендивич.

За вечера, Бети обавезно пие чаша водка во мраз, а друштво ѝ прави нејзиниот миленик.

Некои од мудростите на Бети:

– Уживајте во животот, концентрирајте се на позитивните работи.

– Сѐ уште се радувам кога ќе видам вистински џентлмен кој ми ја отвара вратата.

– Не сум добра готвачка. Во кујната одам само кога треба да си го нахранам кучето.

– Ми велат дека Фејсбук е одлична можност да се поврзам со старите пријатели. Во моите години, да се поврзам со старите пријатели ќе ми треба плоча за викање духови.

– Не сакам пластична хирургија. Некогаш среќавам стари пријатели, па не можам да ги препознаам од пластиката, ги познавам само по гласот.

– Секогаш сум сакала постари мажи од мене. Во моиве години, искрено, ги нема многу.

– Мој совет? Спијте барем осум часа за убавина. Девет ако сте грди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *