Сутерен.мк

Кој ќе го зарази Путин?!

„Рускиот претседател Владимир Путин е опкружен со потребниот број специјалисти, кои обезбедуваат дека тој не е во опасност од епидемијата“, рече портпаролот на Путин, Дмитриј Песков во филмот „Опасен вирус. Втора година“!

Запрашан дали има план некој да го зарази Путин, Песков се пошегува: „Па слушајте, тој е Путин, кој ќе го зарази него?!“

Тој исто така рече дека е убеден оти Светската здравствена организација ќе ја признае руската вакцина „Спутник V“ во следните неколку месеци.

„Да, нашата вакцина сè уште не е одобрена од СЗО. И можеме долго да шпекулираме што се крие зад тоа – некакви предрасуди кон нас или апсолутно бирократски проблеми. Има потешкотии во пополнувањето на документите поврзани со обезбедување на потребниот сет на информации, бидејќи ние имаме свои барања, а другата страна има свои барања. Потребно е време да се усогласат тие барања“, рече Песков, одговарајќи на прашањето за непризнавањето на руската вакцина.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *