Вооружени борци од исламската милитантна група Хамас истрелаа десетици ракети кон Израел и влегоа во јужниот дел на земјата во ненадеен напад што ја поттикна израелската војска да објави „подготвеност за војна“.
Насилството е последното разгорување во повеќедецениската борба
Велика Британија ја презеде контролата врз областа позната како Палестина откако Отоманската империја, која владееше со овој дел од Блискиот Исток, беше поразена во Првата светска војна.
Областа била населена со еврејско малцинство и арапско мнозинство. Нетолеранцијата почна да расте кога меѓународната заедница ја задолжи Британија да воспостави „национален дом“ за Евреите во Палестина. Евреите ја сметаа областа за нивна татковина на предците, но и палестинските Арапи ја бараа земјата и се спротивставија на формирањето на „национален дом“.
Помеѓу 1920-тите и 1940-тите, пристигнале зголемен број Евреи – многумина бегале од прогонството во Европа и барале татковина по Холокаустот во Втората светска војна. Имаше се повеќе насилство меѓу Евреите и Арапите, како и напади врз британската администрација. Во 1947 година, Обединетите нации (ОН) гласаа за поделба на Палестина на две држави, еврејска и арапска, а Ерусалим стана меѓународен град. Планот беше прифатен од еврејските лидери, но арапската страна го отфрли и планот никогаш не беше спроведен.
Откако не успеаја да го решат проблемот, Британците заминаа во 1948 година, а еврејските водачи го прогласија создавањето на државата Израел. Многу Палестинци се спротивставија и војната започна. Учествуваа и армиите на соседните арапски земји. Стотици илјади Палестинци избегаа или беа протерани од своите домови за време на овој конфликт.
Овој настан Палестинците го нарекуваат Ал Накба или „Катастрофа“. До моментот кога борбите завршија со прекин на огнот следната година, Израел контролираше поголем дел од територијата. Јордан ја окупираше територијата која стана позната како Западниот Брег, а Египет ја окупираше Газа.
Ерусалим беше поделен меѓу израелските сили на запад и јорданските сили на исток.
Бидејќи никогаш немаше мировен договор – секоја страна ја обвинуваше другата – децениите што следеа донесоа нови војни и конфликти.
Во војната во 1967 година, Израел го окупираше Источен Ерусалим и Западниот Брег, како и поголемиот дел од Голанската висорамнина во Сирија, Газа и египетскиот Синајски Полуостров. Повеќето од палестинските бегалци и нивните потомци живеат во Газа и на Западниот Брег, како и во соседните држави Јордан, Сирија и Либан.
Израел не им дозволи ниту на нив ниту на нивните потомци да се вратат во своите домови – израелските власти тврдат дека тоа ќе ја поплави земјата и ќе го загрози нејзиното постоење.
Соединетите Американски Држави (САД) се една од само неколкуте земји кои ги признаа претензиите на Израел кон целиот град истовремено нагласувајќи дека конечниот статус на градот треба да се решава преку преговори.. Во последните 50 години, Израел изгради населби во овие области, каде што сега живеат повеќе од 600.000 Евреи.
Палестинците велат дека населбите се нелегални според меѓународното право и претставуваат пречка за мирот, но Израел го негира тоа.
Јордан ја окупираше земјата која стана позната како Западен Брег – парче земја на западниот брег на реката Јордан и граничи со Израел на север, запад и југ. На исток му се наоѓа Јордан.
Египет ја окупираше Газа – мала крајбрежна област на египетската граница. Ерусалим е поделен меѓу израелските сили на запад и јорданските сили на исток. Бидејќи никогаш немаше мировен договор, имаше повеќе војни и борби во децениите што следеа.
Израел сè уште го контролира Западниот Брег. Иако се повлекоа од Газа, ОН сепак го сметаат тоа парче земја како дел од територијата окупирана од Израел.
Израел смета дека целиот Ерусалим е главен град, додека Палестинците тврдат дека источен Ерусалим е главен град на идната палестинска држава.
Тензиите меѓу Израел и Палестинците кои живеат во Источен Ерусалим, Газа и Западниот Брег се многу чести.
Во 2012 година, ОН гласаа за признавање на Палестина како „држава набљудувач што не е членка“. Промената од „ентитет набљудувач“ им овозможи на Палестинците да учествуваат во дебатите на Генералното собрание и да ги подобрат нивните шанси за членство во агенциите на ОН и другите тела.
Гласањето не создаде палестинска држава.
Сепак, повеќе од 70 отсто од 193-те членки на Генералното собрание на ОН ја признаваат државата Палестина.
Со Газа управува палестинската воена група Хамас, која многупати се борела против Израел. Израел и Египет строго ги контролираат границите на Газа за да спречат оружје да стигне до Хамас. Палестинците во Газа и на Западниот Брег велат дека страдаат поради израелските акции и ограничувања.
Израел вели дека дејствува само за да се заштити од палестинското насилство.
Има голем број прашања за кои Израел и Палестинците не можат да се договорат. Меѓу нив се: што треба да се случи со палестинските бегалци, дали еврејските населби на окупираниот Западен Брег треба да останат или да се отстранат, дали двете страни треба да го делат Ерусалим и – можеби најпредизвикувачкиот од сите – дали да се создаде палестинска држава заедно со Израел.
Мировните преговори траат и прекинуваат речиси три децении, но досега не го решија конфликтот.
Накратко, нема индикации дека ситуацијата ќе се реши во догледна иднина. Последниот мировен план, кој беше подготвен од САД додека беше претседател Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече „договор на векот“.
Но, Палестинците веруваат дека тоа е еднострано и никогаш не е спроведено.
За секој иден мировен договор ќе биде потребна согласност од двете страни за да се решат сите прашања. Сè додека тоа не се случи, конфликтот продолжува.