Сутерен.мк

Ферстапен најбрз во Бахреин

Возачот на Ред Бул, Марк Ферстапен е победник на првата Ф1 трка во оваа календарска година која се возеше за Големата награда на Бехреин.

Холанѓанецот го прекина проклетството и конечно дојде до првата победа на оваа стаза на која имаше доста проблеми во изминативе години. Меѓутоа денеска Ферстапен беше доминантен и дојде до славје со кое испрати јасна порака дека ќе направи се што може да остане на врвот и во оваа сезона.

Неговиот клупски колега Серхио Перез заврши како втор, додека пак третото место му припадна на некогашниот шампион Фернандо Алонсо кој имаше одлично издание и го понесе признанието возач на денот.

Ферари нема по добро да го памети отворањето на сезоната, Леклер мораше да се откаже поради дефект на болидот, додека Сајнц на крајот заврши на четвртата позиција.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *