Автопортрет на мексиканската сликарка Фрида Кало, на кој е и нејзиниот сопруг, вчера е продаден за 34,9 милиони долари, што е досега највисока цена за слика на латиноамерикански уметник!
Насликана во 1949 година, сликата „Диего и јас“ му е продадена на непознат купувач на аукцијата на Сотби во Њујорк.
„Тоа е едно од најважните дела на Кало понудени на продажба и ние сме многу возбудени што ќе се најде во Сотби“, рече Оливер Баркер, директор на таа аукциска куќа, отворајќи ја аукцијата.

Кало, која во младоста доживеала тешка сообраќајна несреќа, направила околу 200 слики, цртежи и скици, главно автопортрети во кои траумите ги претворила во дела со светли бои и симболична моќ.
Светската слава ја стекнала по нејзината смрт во 1954 , и особено во ж70-те години, кога стана феминистичка икона.